Проектна задача по предметот:
Граѓанско право
На тема:
Девијантни појави
Апстракт
Во 21 век се поголема е појавата на девијантните појави и девијантното однесување . Транзицијата која ја зафаќа Република Македонија во овој период, невработеноста , како и нездоволството од начинот на водењето на сопствениот живот во беспарица доведува кај младите до отпочнување на користење на одредени средства со кои се скршнува од правиот пат и тоа истото доведува до девијантно однесување на младите . Се почеста е појавата на девијантните појави кај младите која на некој начин е предизвикана од општествени фактори .Такви девијантни појави се : малолетничката деликвенција , алкохолизмот , наркоманијата , проституцијата , пороците, агресијата и насилствата кои најчесто се јавуваат како последица на претходните и др. Тие девијантни појави кои го зафаќаат македонското општество се проследени со негативни санкции и неприфаќање од општеството.
Вовед
Поимот девијација има честа употреба и во обичниот говор, но и во науката. Меѓутоа полесно е да се разбере кога ке се рече дека нешто, на пример е девијација на патот (скршнување од правата линија) отколку да се објасни што е општествена девијација. Навистина поголемиот број социолози при објаснувањето на поимот девијација се служат со аналогија на претходниот пример, односно ја разработуваат таа тема. Така девијацијата свртена на тој начин претставува кршење на оние норми, вредноси и очекувања кои како пожелни се истакнуваат во некоја општествена група. Во целата досегашна историја однесувањето на извесен број индивидуи одстапувало од општоприфатените норми и вредности. Тоа значи дека процесот на социјализацијата не ги дала очекуваните резултати кај одделни индивидуи. Во таа смисла што нивното однесување значително одстапувало од очекуваното, или пак тие се спротивставиле на нормите што ги воспоставиле општествените групи. Во општеството таквите однесувања се нарекуваат со повеке имиња: противопштествени или антисоцијални, општествени девијации или појава на социјална патологија. Без оглед како се нарекуваат тие, за сите нив карактеристично е што општествената заедница реагира негативно, надоврзува негативни санкции, или пак поминуваат само со страв на недоразбирање како однесување во недозволена насока кое ги приминало границите на толеранцијата на општеството. Таков е на пример случајот на самоубиствата, алкохолот малолетничката деликвенција, проституцијата и сл. Макар што социјалните девијации се изразуваат мошне широко и опфаќаат повеќе видови, без да се навлегува во различните типологии сепак ке наведеме некои типични девијации: пороците, агресиите и токсикоманиите.
1. Пороци
Пороците претставуваат изопачености на елементарните облици на општествените активности поврзани со нагонскиот живот на човекот. Во текот на човечкиот живот нагоните се социјализираат и преобразуваат, односно се хуманизираат. Така на пример, гладот, жедта, сексуалниот нагон и сл., се задоволуваат на специфичен начин, различно од другите живи суштества. Меѓу овие девијации пораширени се сексуалните пороци, особено хомосексуализмот и проституцијата.
1.1. Проституција
Во општествена смисла проституцијата најчесто се одредува како најстар занает. Но едновремено се вели дека проституцијата како и сиромаштијата претставува како еден од најстарите проблеми во општеството. Проституцијата претставува одредена форма на вонбрачен полов однос кој се одликува со тоа што лицата кои се проституираат повеќе или помалку без избор, непрекинато јавно ретко без наплатување, почесто во облик на занаетчиско купување им даваат на неодредено голем број на лица, услуги за полов акт, за други полови чинови, им нудат други полови возбудувања и задоволства, ги провоцираат како резултат на овој неморален зафат добиваат одреден кностантен тип.
Проституцијата е присутна уште од најраните облици на формирање на општествено уредување па до денес. Се смета дека проституцијата е потребно зло што може да се толерира и да се контролира во границите на можностите. Таа е широко распространета, така да ниедна земја со сигурност не може да каже дека располага со точни податоци. Проститутките се воглавно без никаков имот, немаат образование, без работа. На проституција се оддаваат поради безработица, лошо друштво што ги вовело во проституција, додека мал број во неа барале лесен живот.
За побивање на проституцијата постојат широки мерки на репресија, како за побивање и отстранување на причините кои довеле до оваа појава, така и репресивни мерки како спрема проститутките, така и спрема оние што ја искористуваат проституцијата со нечесни методи на уценување и присилба.
2. Агресии и насилства.
Агресиите и насилството опфаќаат различни форми на манифестирање. Според некои автори тие претставуваат реакции на социјални незадоволства, макар што има насислствени реакции кои немаат таква основа, туку претставуваат празно изживување, без да постои некоја смислена цел. Во овие девијации особено се значајни самоубиствата и обидите за самоубиства како и криминалитетот и малолетничкото претстапништво. Меѓу појавите кои посебно го привлекуваат вниманието на луѓето секако е криминалитетот. Тоа е девијација при што се напаѓаат различни блага и вредности. Криминалитетот претставува кршење на законските норми што пак е предвидена казна, а претстапништвото преставува асоцијално однесување, при што обично се кршат нормите на јавниот ред и мир во едно општество. Овие дејствиа за разлика од кривичните дела се смета дека се помалку опасни, па и казните за нив се поблаги. Малолетничкото претстапништво е збирен поим за сите дела што ги извршуваат лица на возраст меѓу 14-18 години било да се кривични дела или дрско и непријатно однесување
2.1. Самоубиство и обиди за самоубиство.
Под самоубиства се подразбира свесно одземање на својот живот. Значи се работи за свест и пресметливост. Пресудни самоубиства се оние каде што ги нема свеста и пресметливоста. За да некој човек да подлегне кон самоубиство му претходат диспозицијата, мотивот и стимулацијата.
- Диспозицијата е основен нагон за живот. Со ова се укажува на фактот дека самоубиецот нема волја за живот.
- Мотивот може да се бара во:
а) Едногени причини односно едноген мотив, тоа се внатрешни причини (пример некои тешки неизлечиви болести), при што човекот носител на смртоносна болест неможе да се помири со тоа и подлегнува на самоубиства.
б) Егзогени мотиви односно надворешни мотиви кои произлегуваат од економски, политички или верски причини. Под влијание на средината се појавуваат и самоубијци од типот на наркомани. Тие во еден извесен период согледуваат што направиле па едноставно не им се живее, а ги мачи и мислата дека самите се товар на општеството, на фамилијата и под влијание на овие околности во нивната глава се зацртува идејата за самоубиство и тоа го прават. Некои мотиви можат да бидат и во извесна мера тенденциозни.
- Стимулансот го засилува дејствието на мотивот, го олицетворува во некои физиолошки потреби. Како начест стимуланс кај лицата од машки пол се јавува алкохолот, а кај лицата од женски пол тоа е бременоста, менструацијата, а кај некои и алкохолот.
2.2. Криминалитет
Против криминалитетот неможе да се води регресивна борба со полн успех, доколку не постои синхронизирана акција и активност на органите кои се со закон овластени и задолжени да постапуваат како учесници во кривичната постапка. Нивната посебна и специфична положба, со оглед на нивната основна функција, во ништо не ја смалува потребата од меѓусебна соработка. Напротив, токму таквата нивна функционална поставеност ги упатува едните на другите на потесна соработка. Во времето кога криминалитетот ги напушта традиционалните и класичните форми, и кај одделни форми добива форма на современ и организиран криминал, било појавата на вршењето на кривичните дела да се јавува во определени средини или во определени временски периоди, кои непознаваат национални граници, уште повеќе ке се доаѓа до со знание до потребите од координираната акција од органите на кривичното гонење. За да може да опстане, секое општество им наметнува на своите членови определени правила на поведение. Немало, нема и нема ни да има општество во кое не ке се најдат поединци што нема да ги кршат тие правила. Најтешките повреди на општествените правила на поведение во досега познатите класични општествено – економски формации отсекогаш биле еден составен дел од еден систем на норми што се нарекува кривично право. Како појава во реалниот свет кривичното дело исто толку ги интересира социолозите (криминолозите), психијатрите, педагозите и сл., колку и правниците. Ако секој од нив му приога на овој феномен од аспект на сопствената специјалност, логично е дека и одговорот на поставеното прашање ке биде различно. Пристапите можеме да ги поделиме во две големи групи и тоа: фомални и материјални.
- Формалните пристапи ги интересира формата, а материјалните суштианта на кривичното дело. Првата ориентација го дава т.н., нормативен поим, втората т.н., реалистичен поим на кривично дело. Според нормативниот поим кривичното дело е повреда на нормата содржана во кривичниот закон. Така кога некој ке убие човек, што е забрането со кривичниот закон, тој не го повредува законот туку нормата, заповедта „не убиј“ е содржана во неа. Кривичното дело е поведение на човекот, што законодавецот оценувајќи го опасно за општеството, го предвидува како кривично дело пропишувајќи казна или друга санкција за неговиот виновен сторител.
3. Токсикоманија.
Под токсикоманија се подразбира патолошко земање на опојни средства со кои се врши промена на свесната активност често за да се отстраната некои неповолни лични или групни состојби. Тие се облик на бегство од реалниот живот. Меѓу овие девијации најпознати се алкохолизмот и наркоманијата. Алкохолизмот е претерано пиење на алкохолни пијалоци и претставува сериозен општествен проблем во голем број современи општества. Алкохоличарите се лица зависни од алкохолни пијалоци во толкава мера што покажуваат видливи душевни растројства или такви појави кои укажуваат на оштетување на физичкоти и психичкото однесување, нарушување на односите со другите лица и влошување на социјалната и економската сосотјба. Наркоманијата претставува земање на наркотични средства (дроги) кои токсично делуваат врз организмот и можат да доведат до состојба на психичка, физичка или психичка и физичка завист. Со земање на такви средства се модифицираат некои функции на организмот, односно се менуваат чувствата, расположението, свеста и други психички однесувања. И земањето дроги станува сериозен општествен проблем во многу земји и во Р. Македонија. Овие средства доведуваат до сериозни оштетувања на организмот (а во поголеми количини и смрт), зависниците ги прават неспособни за нормален општествен живот.
3.1. Алкоhoлизам
Алкохолизмот е еден од најголемите социјални и здраствени проблеми, како во светот така и кај нас. Проблемите поврзани со алкохолот денес се наогаат во сите структури на живеењето, без оглед на годините, полот, образованието, социјалниот и економскиот статус. „Алкохолизмот преставува секоја употреба на алкохолно пијалоци која предизвикува штета на индивидуата, општеството или на двете страни“. Денеска алкохолизмот е болест број три на современото човештво и се наога веднаш зад лицата заболени од срце и крвни садови и рак, се наога пред туберкулозата. Алкохолизмот е многу комплексна, хронична, постојана болест, најмасовна токсикоманија и е еден од посериозните проблеми на современата социјална медицина. Дејствието на алкохолот и психичката и физичката состојба е резултат пред се на дирекниот токсичен ефект, особено на централниот нервен систем и црниот дроб. Другата група на дејствиа настанува индиректно, при премин на земање на алкохол, поради значителен пад на концентрациајта на алкохол во крвта. Одредување на концентрацијата на крвта се врши на неколку начини:
а) Анализа на крв на напрецизен начин за утврдување на алкохолот во крвта
б) Преглед на гас издишен со дување т.е алкотест
в) анализа на урина и др.
Овој тип на зависност се карактеризира со следните карактеристики:
· развој на психичка зависност со пролонгирано консумирање на поголеми количества на алкохол,
· промена на однесувањето кон околината и создавање на фамилијарни, професионални и социјални проблеми,
· проблеми со законот поради чести интоксикации со алкохол,
· ментални нарушувања :љубомора и параноја во бракот , загриженост, конфузија, лош сон , депресија, дезориентација, визуелни халуцинации.
· сериозни оштетувања на меморијата за нови состојби и други.
3.2. Нарkоманија.
Едно од најголемите зла на денешницата е дрогата. Таа денес низ целиот свет е распространета. Дрогата одзема многу човечки животи. Таа не ги бира своите жртви. Штом пробаш еднаш, втор пат веке стануваш зависен. Дрогата на почетокот ја зема здрав човек, а подоцна го зема болниот човек. Дрогата предизнивкува физичка и психичка завист. Психичката ја подразбира личност во тесна врска со дрогата која е засадена длабоко во мозокот на наркоманот, а потребата од дрога се прикажува како емоционална потреба. Физичката зависност пак ја опфаќа директната зависност врз низата клетки на телото на наркоманот, тогаш најчесто го болата коските и мускулите.
Според заклучокот на Светската задравствена организација ,, Зависноста од лекови- дроги е состојба која е штетна како за поединецот , така и за општеството". Непосредни штетни дејствија на зависноста од лекови- дроги се следните:
§ органски и дисфункционални оштетувања на организмот , помали и поголеми од времетраењето на земањето на лекот и многу други фактори,
§ психичките нарушувања се манифестираат со промена на личноста , намалена концентрација , намалено чувство на одговорност, негрижа за себе и семејството, намалена критичност. Понатаму се јавува сонливост или иритабилниост, неурамнотеженост и др.
§ намалена работоспособност поради честа употреба на дрога и проблеми во врска со тоа, евентуално губење на работата,
§ кризи во семејството , инциденти во брак , со родителите , децата,
§ судири со законот: илегални купувања на дрогите, кражба на дрога и пари, не избирајќи средства како да се дојде до нив .
На тој начин се формира и фамозниот и трагичен круг : ДРОГА-КРИМИНАЛ-ПРОСТИТУЦИЈА- БОЛЕСТИ. Глобалните пресметки покажуваат дека годишно се трошат дури 30 милјарди долари за злоупотреба на разни дроги . Тоа е само,, еден дел од штетата". Другите ,, делови" се : психичко и морално пропаѓање на лицата зависни од дрога , многубројни уништени кариери, разорени бракови, семејства и лични трагедии.Покрај тоа чести се разбојништвата, убиствата и проституцијата, со тенденција за понатамошно ширење. Во светот постојат добро вооружени банди кои постојано работат со дрога која носи голем профит , но затоа постои ио добро организирана полиција кои истотака со текот на времето стануваат се поспремни и поуспешни во борбата против ова навистина големо зло.- ,, штетно за поединецот и за општеството".
Заклучок
Завршувајќи го овој преглед на општествените и правните фактори на превенцијата на општествените девијации треба да дадеме неколку забелешки.
Судејќи според бројот на анализирани фактори каде што ги одделуваме само најважните, кои учествуваат или би требало да учествуваат во борбата против овие појави, со право би можело да се очекува целосен успех на тие активности. Меѓутоа, тоа не е така поради прикажаните причини или поради отсуство на меѓусебна соработка на тие фактори. Единствена потребна е поголема работа со младите, запознавање со сите негативности и последици што ги носи определените појави, нивно поголемо ангажирање како во училиштето така и надвор од него, и поголемо вработување. Само по себе се подразбира дека основата на тие активности ги сочинуваат општите општествени хуманистички определувања кои треба да се подигнуваат преку подигнување на материјалната и воспитно – образовна положба на младите, нивно воведување и учество во позитивните општествени процеси и односи на нашето општество, посебно процесот на работа.
Користена литература.
1. Малолетничка деликвенција – проф д-р Жарко Јашовиќ
2. Социјална патологија – проф д-р Љупчо Арнаудовски
3. Граѓанско образование – за средни стручни училишта
4. http://nfic.ff.ukim.edu.mk/UserFiles/File/ftp.pdf
Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.maturski.org je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.
Posetite nas na sajtovima ispod:
http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi
Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing, finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija, preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver, hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...), biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno, psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo, ustav, medicina, engleski jezik, ...).
Uspostavljanjem ovog projekta, zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.
U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim, sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti, čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.
Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!